Жан Луј Констанца е инженер по роботика од Франција, кој направи роботски костум што му овозможува на неговиот шеснаесетгодишен син Оскар да оди.
Оскар, кој се движи со инвалидска количка, го активира костумот со командата: Роботе, стани!
– Претходно некој мораше да ме придржува за да одам, вака се чувствувам посамостоен – вели Оскар.
Жан Луј е коосновач на компанија за производство на роботски костуми.
– Тато, ти си роботски инженер, зошто не направиш костум со кој ќе можам да одам, ми рече Оскар – раскажува таткото.
Костумите засега не се наменети за поединци затоа што чинат 150.000 евра и се претешки за да може еден човек сам да ги облече.
Меѓутоа, неколку болници веќе ги откупиле костумите и ги користат за третман на пациенти.