Тамара Тодевска и нејзиниот тим беа пречекани од членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде што вечерва се вратија по успешниот настап на Изборот за песна на Евровизија.
Тамара со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.