Џуди Гарланд, познатата Дороти од филмот „Волшебникот од Оз“, ја паметиме и по црвените чевли што во филмот ја одведоа дома. Денес тие се сметаат за еден од највредните сувенири во историјата на филмот.
Џуди Гарланд ги носеше чевлите во 1939 година и за нејзината кариера тие беа навистина магични.
Во романот на Л. Френк Баум, според кој е снимен филмот, магичните чевли се изработени од сребро. Но за холивудските хитови од тоа време се користеше нова технологија за производство на бои, така што сребрените не беа доволно ефектни.
Дизајнирани се од главниот костимограф на МГМ, Гилберт Адрија, првично во две различни верзии. Првите биле малку ориентални и богато украсени, но подоцна отфрлени од истата причина, бидејќи Дороти е рурална девојка.
Другиот чифт бил прифатен со една модификација – бисерите на површината на чевелот, поради тежината биле заменети со циркони. Имало по 2.300 на секој чевел. Нема точни информации за тоа колку чифта биле конечно направени, но се зборува дека биле шест или седум чифта.
Секој чифт е изработен на ист начин, со основа од бела свила. Потоа чевлите се обоени со црвена боја и покриени со циркони.
Засега три чифта се во добра состојба. Оние што Џуди Гарланд ги носела на снимањето се чуваат во институтот „Смитсонијан“, потоа чифтот што се користел за снимање крупни кадри, а третиот, наводно, бил направен за актерката Боби Кошај, заменичката за улогата за Дороти.
Чевлите со години биле заборавени во подрумот на студиото МГМ. Во февруари 1970 година ги нашол костимографот Кент Ворнер. Најдобриот чифт го зачувал за себе, но и тој подоцна го продал за 15.000 американски долари на аукција на костими и филмски реквизити на МГМ, а другите за пониска цена.
Чифтот што е продаден на аукција денес е изложен во Националниот музеј на американската историја во институтот „Смитсонијан“ во Вашингтон.