СЦМ –Велес во рамки на проектот „Стрип бран-стрип насекаде“ вечер во 18 часот во Домот на културата „Браќа Миладиновци“-галерија „Вангел Коџоман“ организираат стрип изложба.
Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, ќе бидат изложени наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес, како и стрип дела на македонски стрип автори од нивниот повеќегодишен опус.
– Бидејки СЦМ-Велес цели кон афирмирање на стрипот низ сите етнички колективитети , ќе се презентираат и стрипови на албански јазик врз основ на нашата интернационална соработка, потенцира Трајков. Воедно ќе се промовираат и изданијата на Стрип центарот на Македонија – стрип книги, списанијата КРЕАТОР и СТРИП АЛМАНАХ.
Вакви стрип изложби во рамки на проектот имаше во Ресен и синоќа во Охрид.
Проектот има за цел да ја промовира стрип културата во земјава посебно кај младите и да ги мотивира на стрип креации, појаснува Трајков. Проектот е дел од манифестацијата „Нов културен бран“ што ја финансира Министерството за култура.