Стендап комичарот и актер Никола Тодоровски, со свое шоу се претстави пред кичевската публика, која презадоволна го напушти Центарот за култура. Така Никола Тодоровски со микрофонот в раце полни 75 минути со пеколна комедија ја исмеваше човечката глупост.
Како на пример „Зошто и се случува ова на Македонија“, „Дали љубовта е совршена“ и „Како ни делува утринската програма на ТВ“ , беа само дел од неговите содржини во кои не ги поштеди јавните личности и начинот на кој тие ја практицираат власта. Присутните не останаа рамнодушни од прикажаното и во еден здив го проследија комичарот Тодоровски.
-Во ова сивило кое со години владее во земјава, ваквите настапи се вистинско освежување и релаксација како за ушите исто така и за мозокот – рекоа по завршувањето на настапот повеќемина присутни на настанот. З.А.