Познато е дека физичката активност има добар ефект врз срцето, но дали знаевте дека ист ефект има и врз мозокот и менталното здравје? Колку подобро срцето пумпа крв низ телото, толку подобро е снабдувањето со кислород и со хранливи материи на мозокот
Мозокот и срцето се поврзани повеќе отколку што мислиме. Она што е добро за срцето е добро и за мозокот, а она што е лошо за срцето е исто така лошо и за мозокот. Иако тежината на мозокот е само два проценти од телесната тежина, мозокот користи 20 проценти од кислородот што му е потребен на телото.
Она што ги оштетува крвните садови и влијае на циркулацијата исто така влијае и на мозокот. Тоа значи дека грижата за срцето и крвните садови значи и грижа за мозокот.
Луѓето што страдаат од депресија, анксиозност или биполарно растројство имаат поголем ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања, дури и во рана возраст. Од друга страна, луѓето со кардиоваскуларни заболувања почесто од другите ќе развијат некаква форма на деменција во подоцнежните години. За да се зачува психичкото здравје, но и срцето, добро е да се усвојат овие три навики, згора на тоа, многу е потребно да се биде во одлична состојба.
Физичка активност
Познато е дека физичката активност има добар ефект врз срцето, но дали знаевте дека ист ефект има и врз мозокот и менталното здравје? Колку подобро срцето пумпа крв низ телото, толку подобро е снабдувањето со кислород и со хранливи материи на мозокот. Редовната физичка активност влијае на хипокампусот, така што го стимулира неговиот раст, а хипокампусот е клучен кога станува збор за меморијата и расположението. Вежбањето исто така го намалува ризикот од развој на депресија (дури и 15 минути трчање на ден), го подобрува расположението и ги зголемува когнитивните способности.
Медитација
Истражувањето што на својата веб-страница го објави американската Национална библиотека за медицински науки покажало дека медитацијата и молитвата ја подобруваат циркулацијата во префронталниот кортекс, намалувајќи ги симптомите на анксиозност и подобрувајќи го расположението. И медитацијата и молитвата се многу ефикасни за олеснување на стресот, што е поврзано со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања, а покрај духовните водачи, ги препорачуваат и експертите од Американското здружение за здравје на срцето.
Исхрана
За да се подобри здравјето на срцето, а на тој начин и на мозокот, во исхраната треба да се вклучат намирници богати со омега-3 масни киселини, какао, зелен чај и храна што содржи еден од најсилните антиоксиданти – ресвератролот.