Заљубен сплиќанец е во потрага по мистериозната девојка чија насмевка го маѓепсала, но за жал немал храброст да се врати по неа, па затоа напишал меил до редакцијата на хрватскиот независен портал „Далмација њус“ каде јавно побарал помош.
– Со автомобилот бев застанат на семафорот на патот до мостот Копилица, Сплит, а погледот ми застана на девојка со темна коса која ја поминуваше улицата. Но откако ми се насмевна девојката заборавив на се, единствено знам дека тоа беше најубавата насмевка што сум ја видел – изјавил храбриот сплиќанец.
Тој претпоставува дека во периодот кога ја сретнал девојката, таа одела на факултет во Копилица.
– Ве замолувам да ги тагирате сите девојки кои периодот околу 15.45 одат на факултет и да се распрашаат за бараната девојка да се пријави. Ова е мое прво искуство да барам некого на овој начин, но премногу ми се допадна девојката – пишува сплиќанецот во писмото до редакцијата.
Од порталот „Далмација њус“ го објавиле неговото писмо и веќе трае потрагата по најубавата насмевка, со надеж дека бараната девојка ќе се пријави и приказната ќе добие среќен крај.