Обожавателите на култната телевизиска серија „Пријатели“ ќе треба да ја чекаат есента за повторна средба со екипата на „Пријатели“, бидејќи тогаш ќе се емитува специјалната епизодата. Директорите на „Ејч-би-о макс“ се надеваат дека тогаш ќе може да се снима пред публика во живо, а не онлајн и во самоизолација, како што беше претходно најавено.
Тимот на „Пријатели“ ќе се собере за нова епизода, односно незадолжителна дружба, по повеќе од 15 години по завршувањето на серијата. Нивното дружење требаше да се емитува за стриминг на „Ејч-би-о макс“ во текот на овој месец.
Во специјалната епизода, која нема да биде класична, ќе има разговори со актерите.
Роберт Гринблат, претседател на „Ворнер медиа антертејмент“, компанија што почнува стриминг-услуга на „Ејч-би-о макс“ на 27 мај, изјави дека вреди да се чека за да може епизодата со ненапишано сценарио да се сними на традиционален начин.
– Се надеваме дека овој проект ќе биде завршен до крајот на летото. Добро ќе биде да се искуси можноста да се види како овие шест одлични пријатели се опуштаат пред необична публика. Не сакавме да го сториме тоа на веб-повик или во простор од шест квадрати и глумците да зборуваат од своите кујни и спални соби – изјави Гринблат за „Варајати“.
Серијата „Пријатели“, во која главните ликови ги толкуваа: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, заврши во 2004 година по цели 10 години емитување, но сѐ уште важи за една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња. Обожавателите во светот, а така е во моментот и кај нас, сè уште ги гледаат репризите, кои не загубија од својата свежина и актуелност.Обожавателите на култната телевизиска серија „Пријатели“ ќе треба да ја чекаат есента за повторна средба со екипата на „Пријатели“, бидејќи тогаш ќе се емитува специјалната епизодата. Директорите на „Ејч-би-о макс“ се надеваат дека тогаш ќе може да се снима пред публика во живо, а не онлајн и во самоизолација, како што беше претходно најавено.
Тимот на „Пријатели“ ќе се собере за нова епизода, односно незадолжителна дружба, по повеќе од 15 години по завршувањето на серијата. Нивното дружење требаше да се емитува за стриминг на „Ејч-би-о макс“ во текот на овој месец.
Во специјалната епизода, која нема да биде класична, ќе има разговори со актерите.
Роберт Гринблат, претседател на „Ворнер медиа антертејмент“, компанија што почнува стриминг-услуга на „Ејч-би-о макс“ на 27 мај, изјави дека вреди да се чека за да може епизодата со ненапишано сценарио да се сними на традиционален начин.
– Се надеваме дека овој проект ќе биде завршен до крајот на летото. Добро ќе биде да се искуси можноста да се види како овие шест одлични пријатели се опуштаат пред необична публика. Не сакавме да го сториме тоа на веб-повик или во простор од шест квадрати и глумците да зборуваат од своите кујни и спални соби – изјави Гринблат за „Варајати“.
Серијата „Пријатели“, во која главните ликови ги толкуваа: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, заврши во 2004 година по цели 10 години емитување, но сѐ уште важи за една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња. Обожавателите во светот, а така е во моментот и кај нас, сè уште ги гледаат репризите, кои не загубија од својата свежина и актуелност.