Кралицата Елизабета Втора утре ќе присуствува на концерт во Лондон оранизиран во чест на нејзиниот 92-ри роденден.
На концертот, насловен како „Роденденската забава на Кралицата“, меѓу останатите ќе настапат Том Џонс, Кајли Миног, Стинг и Шеги, а настанот ќе се одржи во „Алберт хол“.
Овој настан е редок исклучок бидејќи вообичаено кралицата го прославува својот роденден во кругот на семејството и пријателите, иако нејзиниот јубилеен 90-ти роденден беше одбележан со јавна прослава ширум земјата.
Кралицата Елизабета е родена на 21 април 1926 година во Лондон, а крунисана е за кралица на 25 години во 1952 година, односно таа владее со Британија над 66 години.
Таа има и службен роденден во јуни, кој се одбележува со голема парада во центарот на Лондон.