Понекогаш кога е жешко немаме волја да јадеме, но за да може енергијата да остане на потребното ниво треба да јадеме барем по малку на неколку часа. Најдобар избор се лубеницата, целерот, портокалите и зелените пиперки, кои се полни со вода и други хранливи материи. Комбинирајте ги со протеини за да го задржите стабилно нивото на шеќерот во телото. Избегнувајте пржени, слатки и многу солени и зачинети јадења, консумирајте повеќе сезонско овошје и зеленчук.
Второто правило е – пијте вода и спортски пијалоци. И блага дехидрираност може да има негативен ефект врз расположението и извршувањето едноставни задачи. Затоа, пијте многу вода и во вашата диета вклучете течности богати со електролити, како што се спортски пијалоци.
Внимавајте за време на ненадејните промени на топло и ладно, ова особено се однесува на срцевите пациенти. Температурната разлика помеѓу климатизираниот и надворешниот простор не треба да надминува седум степени. Важно е да се туширате со млака вода, да носите светла широка облека изработена од природни материјали. Кога излегувате од дома, ставете шешир со широк обод или капа, очила за сонце, исто така корисни за заштита од сонцето се чадори и ладала. Сепак, најпаметно е да не излегувате помеѓу 10 и 17 часот.