„Еуролинк осигурување“ во рамки на платформата за Корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, веќе шеста година по ред ја организира добро познатата туристичка прошетка насловена како „Мапа на културата“.
Во изминатите шест години се посетени и слушнати тајните преданија за културните и археолошките локалитети во нашата држава. По Стоби, Хераклеја, Градот на конзулите – Битола, Бигорскиот манастир, познатото мијачко село Галичник, Лесновскиот манастир, патот нѐ води кон Струга, под падините на планината Јабланица, во едно од најубавите села во нашата татковина, селото Вевчани.
Вевчани, надалеку познато по Вевчанскиот карневал и уникатните Вевчански извори, изобилува со неверојатната природна убавина и плени со својата автентична архитектура.
Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Вевчани и да ги слушнат преданијата од искусниот водич за тоа како настанало ова надалеку прочуено село.
Сите заинтересирани граѓани без разлика на возраста, може да се пријавуваат од денес, 20.5.2019 година, на следната електронска адреса: [email protected].
Првите 150 пријавени кандидати ќе бидат избрани за учесници на еднодневната екскурзија и истите ќе бидат телефонски известени. „Еуролинк осигурување“ ги покрива сите трошоци за организација на настанот.
Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 1.6.2019 (сабота) со поаѓање во 7:30 часот, на паркингот кај Дрво декор.