Воспалението на организмот е природен начин на телото да се бори против инфекции, но во некои случаи воспалението може да излезе од контрола и да трае подолго отколку што треба. Ова е случај кога се јавува таканареченото хронично воспаление и докажано е дека може да доведе до многу болести, вклучувајќи и дијабетес. Билките и зачините се многу ефикасни во намалувањето на воспалението на организмот.
Прочитајте за неколку зачини и билки што може да помогнат и да го намалат воспалението.
Ѓумбир
Покрај тоа што ѝ дава вкус на храна, луѓето го користеле илјадници години во традиционалната медицина за лекување настинки, мигрена, гадење, артритис и висок крвен притисок.
Исто така, студиите покажаа дека ѓумбирот ги намалува воспалителните маркери и ја ублажува болката во зглобовите.
Лук
Лукот е многу моќен, а во традиционалната медицина се користи за лекување артритис, кашлање, запек, инфекции, забоболки. Содржи голем број антиинфламаторни состојки, а студиите покажале дека го намалува воспалителниот маркер ЦРП, па бидејќи содржи голем број антиоксиданти, влијае и на други воспалителни маркери.
Куркума
Тоа е многу здрав зачин што содржи повеќе од 300 активни состојки, а главен антиоксиданс е куркуминот, кој има моќни антиинфламаторни ефекти.
Истражувањата докажаа дека луѓето што редовно консумираат куркума имаат многу пониски вредности на воспалителни маркери во телото, а исто така се покажа дека помага во ублажување на болката при остеоартритис.
Кардамон
Азискиот зачин е многу ефикасен во намалувањето на маркерите, а покрај тоа, една студија покажа дека кардамонот го зголемува количеството антиоксиданти во организмот за дури 90 проценти!
Црн пипер
Исто така познат како крал на зачините, црниот пипер е популарен во целиот свет. Во традиционалната медицина се користи за лекување астма, дијареја и гастрични нарушувања. Поради активната супстанција пиперин што ја содржи, овој зачин многу ефикасно го намалува воспалението во телото. Исто така, може да помогне при сезонски алергии.
Рузмарин
Ова растение има прекрасен мирис и може да помогне во намалување на воспалението во организмот, пред сѐ поради високата содржина на полифеноли. Рузмаринот можете да го користите како зачин, но и да го консумирате како чај.
Цимет
Зачин со прекрасна арома, циметот се користи во традиционалната медицина илјадници години. Истражувањата исто така докажаа дека ги намалува воспалителните маркери ЦРП и МДА, а добрата работа е што го зголемува количеството антиоксиданти во организмот. Она што треба да се има предвид е дека прекумерната потрошувачка на цимет може да го оштети црниот дроб поради високата содржина на кумарин, а просечниот возрасен човек не треба да консумира повеќе од една лажичка цимет на ден.