„Вовед во анатомија” е позната како една од најдобрите, најдолготрајни телевизиски серии досега. Со седумнаесет сезони нема индиции наскоро да запре. И покрај популарноста на серијата многуминаа веќе престанаа да ја гледаат, а тука спаѓа и Крис Ајвери, сопругот на Елен Помпео, која игра една од главните улоги во „Вовед во анатомија, пренесува „Хералд викли“.
Крис Ајвери тврди дека некогаш бил еден од најлојалните обожаватели на серијата. Но ликот на Помпео, д-р Мередит Греј има многу романтични сцени поради што му станало непријатно да ги гледа, како и фактот дека нејзиниот лик во серијата е во сериозни врски со повеќе мажи.
Елен Помпео се запознала со музичкиот продуцент Крис Ајвери, сега нејзин сопруг, во самопослуга во Лос Анџелес во 2003 година, две години пред „Вовед во анатомија“ да почне со емитување.