Сондата Луси на НАСА денеска беше лансирана од Кејп Канаверал на Флорида во мисија на истражување на астероидите на Јупитер.
Сондата Луси тргна на 12-годишна мисија и ќе помине речиси 6,5 милијарди километри во вселената.
Над 14 метри долгата сонда се движи на бензин и на батерии, кои можат да бидат наполнети со помош на соларните панели.
Луси ќе лета ви близина на Тројанците, седумте астероиди на Јупитер.
Тројанците се астероиди што кружат околу Сонцето пред Јупитер и се движат еден зад друг.
Се претпоставува дека Тројанците се „остатоци од исконски материјал што формирал надворешни планети” поради што НАСА се надева дека мисијата ќе даде нов увид во формирањето на планетите и Сончевиот систем.