Популарниот холивудски режисер Џејмс Камерон одлучи да го продолжи снимањето на филмот „Аватар 2“ и најави дека снимањето ќе продолжи во Нов Зеланд, пренесе „Ролинг стоун“.
Иако многу снимања се запрени поради пандемијата на коронавирусот, продуцентите на „Аватар“ решија да продолжат со снимање следната недела.
– Нашата екипа е подготвена и многу сме возбудени затоа што снимаме во Нов Зеланд од следната недела – напиша продуцентот Џон Ландау на својот инстаграм-профил.
Ова ќе биде првиот филм што ќе се снима по пандемиската криза, а фактот дека Нов Зеланд добро реагираше на новонастанатата криза игра голема улога во сето ова.
Ситуацијата сега е мирна и многу филмски и телевизиски екипи добија зелено светло и продолжија со снимање на разни локации низ Нов Зеланд, пренесува „Вераети“.
„Аватар 2“ премиерно треба да се биде прикажан на 17 декември 2021 година.
Според информациите што ги пренесуваат странските медиуми, Камерон моментно снима четири продолженија паралелно. Третиот, четвртиот и петтиот дел на „Аватар“ се планира да бидат прикажани во декември 2023, 2025 и 2027 година.