Откако астронаутите од „Аполо 11“ го изведоа нивното тешко патување до Месечината, нивната работа само што започна. По приземјувањето на нејзината површина, тие започнале со собирање на примероци од камења, со цел да ги донесат на Земјата за проучување, пренесува „Индипендент“.
Оваа задача ги окупирала астронаутите и научниците. Камењата кои биле вратени на Земјата помогнале во проучувањата за Соларниот систем, а се верува дека придонеле за проучувањата поврзани со потеклото на животот.
Кога Нил Армстронг и Баз Алдрин пристигнале на Месечината, тие се соочиле со тешкотии во собирање на првите примероци, поради тешките астронаутски костими во кои било тешко да се движат.
За таа цел, тие се служеле со алати, гребла и клешти со кои гребеле по површината на Месечината без да мора да се наведнуваат за да ги соберат примероците. Пред да ги земат камењата, тие исто така правеле фотографии од локацијата од која се собрани самите камења. Астронаутите се воделе според листа закачена за нивната опрема, со цел да соберат што е можно повеќе информации за научниците.
Штом биле донесени на Земјата, научниците процениле дека некои од лунарните камења се стари речиси 4,5 милијарди години, многу повеќе од камењата на Земјата.
Лунардните камења беа употребени и како политичка алатка. САД испратија примероци од нив до стотици други земји, создавајќи „изложба од примероци во 250 земји“. Секоја кутија со изложени камчиња од Месечината исто така содржи и месечева прашина, околу 0,05 грама, како и знамето на земјата на која се испратени камењата. Овие кутии беа испратени до Месечината и назад. Исто така, на кутиите има натпис „Испратено од Ричард Никсон, претседател на Соединетите Американски Држави“.
– Знамето на вашата земја беше испратено до Месечината и назад во „Аполо 11“ и овој примерок од површината на Месечината беше донесен на Земјата од страна на екипажот кој учествуваше во првото слетување на Месечината – пишува на кутиите кои ги содржат камењата.