Сицилија нуди на туристите да им плати половина од авионската карта и третина од трошоците за хотелско сместување ако ги посетите подоцна оваа година. Во понудата има и бесплатни билети за многу музеи и археолошки локалитети.
Бидејќи островот е затворен од 10 март, има загуби повеќе од една милијарда евра приходи поврзани со туризам, и додека предложениот план би го чинел островот 50 милиони евра, се надева дека овој потег ќе помогне да се врати како туристичка дестинација кога ќе се намалат карантинските мерки.
За да добиете ваучер, треба да ја посетите веб-страницата „Посетете ја Сицилија“. Меѓутоа, понудата важи откако Италија ќе ги отвори своите граници, пренесува американскиот „Бизнис инсајдер“.
Додека сè уште нема точен датум кога ќе биде ова, Италија планира да им овозможи на рестораните да се отворат со испорака на своите производи од 4 мај, како и повторно отварање на секторите за производство и градежништво.