Сите погодности, комфорот и луксузот кои ги нуди автомобилот „ДР6“ дојдоа до израз при возењето во снежни услови низ Осоговските Планини до Пониква, во што имаше прилика да се увери и екипа на „Нова Македонија“.
– „ДР6“ нуди пријатно и избалансирано возење. Потрошувачката е доста добра, би рекол задоволителна, особено кога станува збор за возење по планински терен. Автомобилот е комфорен и простран. Би ја истакнал и луксузната опрема, како што се сензорите, камерата и сончевиот покрив. Мене лично ми е важно што командите се природно распоредени, па возењето не бара многу привикнување – вели Зоран Пецев, кој имаше можност да го вози „ДР6“.
„ДР6“ е најголемиот модел од гамата на „ДР“ автомобили. „ДР6“ е опремен со комплетна опрема и широк спектар на безбедносни системи. „ДР6“ го придвижува 1,5 турбо бензински мотор кој испорачува 150 коњски сили и 205 њутн/метри, мануелен менувач со 5 брзини. Во зависност од изборот може да се добие со фабрички вграден плински уред.
Од големата палета на опрема која ја нуди „ДР6“ би ги издвоиле следниве карактеристики: 18 инчни алумински фелни, паркинг-сензори со камера, сончев покрив, двозонска клима, мултимедијален систем и друго.
Станува збор за комфорно возило кое е погодно како за долго патување така и за секојдневна употреба низ градскиот метеж. Сите заинтересирани за повеќе информации можат да се обратат во салонот на „Цилаз“ или да ја посетат нивната веб-страница.
Компанијата „Цилаз“ која долги години постои на македонскиот пазар, е нов застапник на автомобили од италијанската компанија „DR Automobiles Groupe“. Брендот „DR“ е спој од компанијата „City of Auto“ и „DR Sportequipe“ која е позната по изработката на спортски автомобили.