Неодамнешниот крах на цената на суровата нафта на американскиот пазар, на специфичен начин беше предвиден во популарната анимирана серија „Симпсонови“.
Во една епизода од последната, 31. сезона, Хомер на бензинска пумпа сведочи за ненадејниот пад на нафтата на 0. Таков пад на цената на американската ВТИ-нафта не е забележан досега во историјата, а во одделни моменти се тргувало и со вредности од -37 долари за барел.
Популарната американска анимирана серија досега предвидела голем број настани, меѓу кои и дека Доналд Трамп ќе стане американски претседател, епидемијата на ебола, како и настапот на Лејди Гага на „Супербоул“.