Симона Станковска од Скопје и Елена Петреска од Прилеп беа дел од изборот за убавина „Ворлд некст топ модел 2018“ што се одржа во Бејрут, Либан.
И двете успеаја да освојат титули, односно Елена ја освои титулата мис за Европа, а Симона е петта придружничка.
Изборот се одржа во големото студио на „МТВ Лебанон“ во Бејрут, со учество на 35 девојки од светот. А победничка е претставничката на Русија.
Симона и Елена се членки на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели.
Тие за награда добија договори за работа како модели во Либан и уште неколку други држави.