Најтенката куќа во Лондон лесно може да се промаши. Необичната градба е вметната помеѓу лекарска ординација и фризерски салон во областа „Шепардс буш“ во Западен Лондон, пренесуваат светските медиуми.

Оваа петкатна куќа се продава за 1,1 милиони евра, и покрај тоа што е широка само 1,6 метри во својата најтесна точка. Куќата во чие приземје првично имало продавница за викторијански шапки, била изградена некаде на крајот од 19-от или почетокот на 20-от век.

Дејвид Маерс од агенцијата за недвижнини која ја продава куќата, смета дека таа вреди бидејќи е „уникатен дел од лондонската историја“. Згора, куќата одзади има градина, која е нешто поширока од 4,8 метри.