Грета Тунберг, 16-годишната Швеѓанка, која одржа впечатлив говор на климатскиот Самит на ОН во Њујорк, е главна тема во светската јавност.
Активистката против климатските промени, во обраќањето ги обвини светските лидери за нивната неактивност во борбата против глобалното затоплување, велејќи деја поаради тоа го ограбиле нејзиното детство.
Ставајќи се во центарот на вниманието на светската јавност, Грета привлече и многу критики, но и навреди на сметка на нејзиниот изглед, облеката, формата на аутизам од која страда и сл. Многумина ја нарекоа и изманипулирано дете со цел да ги продлабочи поделбите во светот.
Грета јасно стави до знаење дека е свесна за сите навреди кои се пишуваат на нејзина сметка, но до сите критичари упати порака дека наместо да се занимаваат со неа, треба да се обидат да направат промена и да му помогнат на светот.
– Како што можеби забележавте, оние што ме мразат се активни како и секогаш – се занимаваат со мене, мојот изглед, мојата облека, моето однесување и моите разлики. Тие излегоа со секоја можна лага и теории на заговор – напиша Грета на Твитер.
Here we go again…
As you may have noticed, the haters are as active as ever – going after me, my looks, my clothes, my behaviour and my differences.
They come up with every thinkable lie and conspiracy theory. (Thread->) pic.twitter.com/5rS2VpZj00— Greta Thunberg (@GretaThunberg) September 25, 2019
Се чини дека се подготвени да ја минат секоја можна линија за да го оттргнат фокусот, бидејќи се премногу очајни за да зборуваат за климата и еколошката криза. Да се биде различен не е болест а сегашната, врвна наука, не може да се третира само како пишани мислења – тоа се факти.
Искрено не разбирам зошто возрасните би избрале да го користат своето време за да ни се потсмеваат и да ни се закануваат нам, тинејџерите и децата кои промовираат научни факти, кога наместо тоа би можеле да направат нешто добро. Претпоставувам дека ведојатно се чувствуваат загрозени од нас.
Но, не трошете го вашето време давајќи им повеќе внимание. Светот се буди. Промените доаѓаат без разлика дали сакале тие или не. Се гледаме на улиците во петок!“, порача во пораката младата активистка.
Таа објави фотографија како се враќа од САД во Шведска на нејзината сега веќе култна едрилица, со која плови по Атлантскиот океан затоа што верува дека авионите испуштаат премногу гасови кој придонесуваат за ефектот на стаклена градина.