Скопје и оваа година е домаќин на музичкиот фестивал „Андерфест“.
Прогресивниот, музички фестивал синоќа понуди комплетно уживање во поткровјето на „Паблик рум“, во Скопје. Влезот како вчера, така и денес ќе биде бесплатен со претходна резервирана карта и редуциран број на публика најмногу до 30%.
Настанот ќе биде и стриман во живо на официјалниот канал на „Андерфест“ нa Јутјуб.
Организаторите замолуваат билетите да се резервираат на [email protected] или со порака на нивната страница на Фејсбук.
Вчера настапија „Смоук хаус“, групата „Фикшн“ од Скопје, „Волтич“ од Охрид.
Главни изведувачи беа добро познатите Културно уметнички работници.
Вечерва на сцената ќе настапат „Синкрест“ од Кичево, алтернативната група „Крул“ oд Скопје, „Лајф вајр“, „Пепел“. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат „Паркети“ од Битола.
Публиката и овојпат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рокендрол сцена од нашата држава која и овојпат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.