Одбивајќи да ја коментира одлуката на Меган Маркл да се пресели во Лос Анџелес, американската тенисерка Серена Велијамс се пошегувала дека никогаш не слушнала за Меган Маркл во видео-разговор со славниот супермодел Наоми Кембел, пренесува „Дејли мејл“.
Вилијамс беше гостинка на свадбата на Меган со британскиот принц Хари во мај 2018 година. Тенисерката останала без коментар кога Кембел ја прашала дали е среќна што Меган се преселила да живее со Хари и синот Арчи во Лос Анџелес.
– Не знам за што зборуваш, не знам ништо за тоа – одговорила Серена, обидувајќи се да го смени правецот на разговорот.
Серена и нејзината сестра Венус Вилијамс учествуваа во јутуб-серијалот на Кембел на јутуб насловен „Без филтер со Наоми“.
Разговорот се фокусирал на модата, а Серена открила дека главната уредничка на Вог, Ана Винтур, инсистирала да и помогне за нејзината венчаница.
– Знаш дека таа е посебна личност и јас апсолутно во потполност ја обожавам. А јас многу сакам да бидам покрај неа – рече Серена за Винтур.