Фондацијата „Милан Младеновиќ“ извести дека на 30 јуни завршил конкурсот за наградата што го носи името на водачот на рок-групата „Екатерина Велика“.
За престижната награда „Милан Младеновиќ“ аплицираат 302 регионални музичари и групи, а на конкурсот се пријавиле седум имиња од Македонија.
Песните се веќе проследени до членовите на жири-комисијата: Дарко Рундек лидерот на групата „Хаустор“, Срѓан Гојковиќ-Гиле („Електрични оргазам“) и Мирела Приселац-Реми („Елементал“). Жирито ќе има тешка задача од 302 песни да избере 12 што ќе влезат во финалето.
Фондацијата „Милан Младеновиќ“ ќе ги објави нивните имиња во втората половина на август. Колку за потсетување, лани на конкурсот имаше 126 апликанти. Само „Баклава“ со Рундек, и „Водолија“ од Македонија се бореа за наградата „Милан Младеновиќ“ од Македонија.
Минатогодишни победници се „Артан Лили“ со „Д.Е.П.Р.А.“.