Хрватската пејачка Северина на Инстаграм објави дека е заразена со коронавирус.
Како што вели, нема никакви симптоми, а нејзиниот син Александар добил негативен резултат на тестот. Во објавата, таа се осврна и на текстовите во медиумите дека се заразила за време на забавите во Далмација.
-Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна за ковид-19, а тестот на мојот син е негативен.
Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и, во договор со таткото, го предадов два дена пред назначениот датум, за самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест. Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизирање на детето, го замолив таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го зеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум се заразила ‘забавувајќи се во Далмација’.
Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување, затоа што нашиот прв тест беше негативен.
Апелирам до медиумите, особено во Србија, да се воздржат од објавување невистинити и непроверени, односно фабрикувани информации – се наведува во објавата на хрватската пејачка.