На Светскиот ден на животните, здруженијата што се грижат за нивниот опстанок предупредуваат за загрозеност на голем број животински видови и нивната лоша состојба во различни делови на светот.
Светскиот ден на животните беше прогласен во 1931 година на конвенција на екологистите во Фиренца, со цел да се потенцира неповолната положба на загрозените видови. Беше одлучено овој ден традиционално да се слави на 4 октомври, кога Католичката црква го слави Св. Франциско Асишки – заштитник на животни.
Целта на Светскиот ден на животните е да се подобри односот кон животинските видови ширум светот, обезбедувајќи поддршка од поединци, групи и организации што се грижат за животните.
На Земјата има повеќе од 40.000 загрозени видови животни.
Според Комитетот на ОН за заштита на животните и природата, 100 животински видови исчезнуваат секој ден, а со цел остварување профит.
Меѓу најкритичните видови, кога станува збор за опстанок, се големите панди, тигри, морски желки, големи примати, слонови и носорози.
Заштитиниците на животни предупредуваат дека и во најразвиените држави во светот со уредено законодавство постојат „срамни исклучоци на загрозување животни“ и наведуваат примери за шпанската корида, и англиската традиција за лов со кучиња што е забранета.
Како негативни примери се посочваат и кинеските фарми за мечки што се одгледуваат за потреби на медицината, нехуман лов заради извоз на морски желки во Индонезија и Јапонија и низа други загрозувања за опстанок на животни. Посебно се укажува за загрозеност на тигрите кои делумно се истребени.