Српската хипхоп и треш-дива Сајси МС ќе настапи на првото издание на „Бич филм-фестивал“, на плажата Оревче, во Охрид. Нејзиниот настап е резултат на соработката меѓу „Бич филм-фестивал“ и „Блендер“, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои е и Македонија.
– Целта на „Блендер“ е поставување темели за слични акции и случувања што директно ќе ја збогатат локалната културна сцена и ќе создадат плодна почва за самоорганизирање и иницијатива – велат организаторите.