Саудиска Арабија денеска ги издаде првите возачки дозволи за 10 жени, во време кога во земјата течат подготовките за укинување на забраната за управување на возило од страна на жени, што треба да се случи на 24 јуни.
Агенцијата АП сепак оценува дека тоа е изненадувачки потег, бидејќи уследи во време кога четири саудиски активистки за женски права кои водеа кампања на жените да им се даде право да возат, се наоѓаат во затвор.