САД очекуваат да го дознаат името на добитникот (или добитниците) на најголемата премија на тамошните игри на среќа која изнесува 1,6 милијарди долари, откако беа извлечени добитните броеви за премијата на лотаријата „Мега милиони“. Извлечените броеви се 5, 28, 62, 65 и 70 (со дополнителниот број 5).
Според официјалните податоци, барем еден добитен лоз бил продаден во сојузната држава Јужна Каролина, додека допрва се очекуваат информации за тоа дали има уште среќници кои ќе ја поделат премијата. Доколку има единечен добитник, тој би можел да добие исплата од 904 милиони долари. Во спротивно, може да ја земе целата сума, но на рати.
Сегашната рекордна добивка изнесува 1,58 милијарди долари, но таа беше поделена помеѓу три добитници во 2016 година.
САД беа обземени со лото-треска со недели, додека траеше продажбата на лозовите кои чинеа два долари, односно додека растеше премијата. Изгледите за добивање џекпот беа еден наспрема 302 милиони.
Премијата за следното коло на лотаријата веќе изнесува 620 милиони долари.