Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо минатата седмица ја помина во луксузното грчко одморалиште Коста Наварино, а при заминувањето остави великодушен бакшиш од 20.000 евра за персоналот, кој бил задолжен да го опслужува само него во хотелот.
Грчките медиуми објавија дека Роналдо напишал чек на оваа сума и го задолжил менаџерот на хотелот во близина на Каламата да ја подели меѓу десетмината вработени, кои се грижеле за него.
Роналдо токму во овој хотел го потпиша четиригодишниот договор со Јувентус вреден над 100 милиони евра.