Дени Бојл, режисерот што ги снимаше „Треинспотинг“ и „Милионер од гетото“, а потоа проба да го убие Џејмс Бонд, открива дека актерот што ќе влезе во чевлите на Даниел Крег прво треба да го сними последниот филм за Бетмен, така што станува збор за Роберт Патисон.
Само што беше објавено дека ѕвездата од „Самрак“ ќе го глуми чуварот на Готам, Бојл веднаш ја сподели идејата дека Патисон е совршен и за популарната франшиза и улога на Џејмс Бонд.
– Тој треба да го глуми Бонд. Подготвен е. Во триесеттите години е, исто како Конор кога го играше – изјави Бојл.
Со него не се согласуваат обожавателите на најдолговечниот серијал, како ни оние од Ди-си универзумот, кои поведоа петиција студиото сепак да размисли за избор на нов актер за новото продолжение на Бетмен.