Убавицата од Барбадос, Ријана, наскоро ќе ја гледаме во тропски трилер за
локален музичар, на кој работеше заедно со Доналд Гловер, познат под
уметничкото име Чајлдиш Гамбино. Филмот е насловен „Островот Гуава“, а
неодамна прикажаниот трилер ги заинтересира гледачите. Станува збор за една универзална тема, за напорите на еден музичар да основа музички фестивал.
– Ова е еден од најубавите проекти на кои сум работел досега – изјави Гловер.
Тој во филмот го глуми Дани Марун, а Ријана ја игра неговата девојка Кофи.
Покрај нив во филмот глумат Летиција Рајт и Нонсо Анози.
Режисер на „Островот Гуава“ е Хиро Мураи, а за сценариото е заслужен Стивен Гловер. Филмот премиерно ќе биде прикажан на годинашниот фестивал
„Коачела“ во Италија, а потоа ќе биде достапен и на социјалната мрежа Амазон.