Гоби риба, која наликува на чудовиштето од популарниот филм „Осмиот патник“ од 1979 година била уловена во Австралија, пренесува „Њусвик“.
Рибата, со должина од 15 центиметри, која нема очи и има проѕирни заби како стакло, ја Англер Хокин додека била на риболов на Реката Мери, блиску до националниот парк Какаду.
– Првото нешто што го помислив беше чудовиштето од Осмиот патник, на сцената кога тоа излегува од градниот кош на жртвата. Рибата е кафеаво-виолетова и има чудна глава, а телото ѝ е како на јагула – вели Хокин.
Овие риби ретко доаѓаат во контакт со луѓето, а целиот живот го поминуваат во кал на дното на реките. Нивната должина достигнува до 20 центиметри и иако изгледаат застрашувачки, нивното гризнување не е опасно за луѓето.