Бонг Џун-хо, јужнокорејскиот режисер чиј филм „Паразит“ беше апсолутен победник на минатогодишните Оскари, ќе биде претседател на жирито на Венецискиот филмски фестивал. Фестивалот е закажан да се одржи за 1 до 11 септември, пренесуваат светските медиуми.
„Паразит“ на Канскиот фестивал ја освои наградата Златна палма. На 92-та манифестација за доделување на „оскарите„ беше прогласен за најдобар филм а Бонг Јон-хо за најдобар режисер, и ги освои и „оскарите“ за најдобар странски филм и за сценарио.
– Прво, добра вест што се однесува за 78-миот Венециски филмски фестивал е дека Бонг Џун-хо со ентузијасзам прифати да биде претседател на жирито. Денес, Бонг Џун-хо е еден од најавтентичните и оригинални претставници на светскиот филм. Одлуката да му го довериме жирито на јужнокорејски режисер за првпат во историјата на фестивалот е исто така потврда на тоа дека Венецискиот фестивал го прифаќа филмот од целиот свет и дека режисерите од сите земји знаат дека може да ја сметаат Венеција за свој втор дом – објави Алберто Барбера уметничкиот директор на фестивалот.
Бонг изјавил дека Венецискиот филмски фестивал има долга и разновидна историја и дека е почестен што ќе биде дел од „ова прекрасна филмска традиција“.
– Како претседател на жирито, и што е уште поважно како вечен вљубеник во филмот, јас сум подготвен да им се восхитувам и да им аплаудирам на сите прекрасни филмови кои ќе бидат селектирани за фестивалот. Исполнет сум со надеж и возбуда – рекол оскаровецот Бонг.