Кородираниот револвер „Лефоше “, познат како „најславното оружје во светот на уметноста“, синоќа беше продаден за 162.500 евра на аукција во Париз. Многумина ја критикуваа оваа продажба велејќи дека претставува комерцијализација на смртта на Ван Гог.
Рѓосаниот револвер од седум милиметри достигна три пати повеќе од цената за која било проценето дека вреди. Негов нов сопственик стана приватен колекционер чие име не беше објавено, пишува „Дојче Веле“.
Легендарниот револвер беше откриен од фармер во 1965 година, во полето каде што Ван Гог бил застрелан. Револверот, наводно, бил зачуван од семејството на сопственикот на крчмата во која Ван Гог ги поминал последните мигови од животот, во селото Уверс-шу-Оарс.
Оружјето за првпат било јавно изложено во 2016 година на изложбата насловена „На работ на лудилото“, во музејот посветен на уметникот во Амстердам.