Рајан Рејнолдс, заедно со режисерот Џон Огаст, ќе го напише сценариото за новата комедија „Апстејт“, која ќе се снима во продукција на Нетфликс. Покрај тоа, Рејнолдс најави дека ќе ја игра главната улога во овој филм, пренесе „Вараети“.
Рејнолдс и Огаст веќе имаат соработувано во 2007 година, кога го претставија филмот „Деветки“, на филмскиот фестивал „Санденс“. Покрај Рејнолдс, во овој филм се појавија и Хоуп Дејвис, Мелиса Мекарти и Ел Фенинг.
Рејнолдс на почетокот на овој месец објави дека ја прифатил и главната улога во филмот „Совети за секојдневно родителство“, во продукција на „Јуниверзал пикчрс“.
Режисерот Огаст зад себе има многу успешни филмови, вклучувајќи ги: „Ангелите на Чарли“, „Големата риба“, „Чарли и фабриката за чоколади“, „Темни сенки“ и најновата адаптација на Дизни на „Аладин“.