Оскаровецот Расел Кроу ќе глуми во серија посветена на починатиот основач на Фокс Њуз, Роџер Ејлс, чија кариера заврши неславно откако беше обвинет за сексуално вознемирување, користејќи ја својата надреденост над неколку колешки.
Проектот насловен „The Loudest Voice in the Room“ е на продукциската куќа Шоутајм, а серијата ќе има осум епизоди.
– Судирот меѓу медиумите и политиката го дефинира светот денес. Сме го виделе тоа веќе екранизирано, па таква ќе биде и приказната за подемот и падот на Роџер Ејлс. Со Расел Кроу во главната улога, оваа серија ветува приказна која фрла поглед на денешнината- изјави директорот на Шоутајм, Дејвид Невинс.
Сценариото е според книгата на новинарот Габриел Шерман, а тој тоа го работеше во соработка со еден од сценаристите на оскаровскиот филм „Spotlight“, Том Мекккарти.