Музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите ја има својата азиска премиера на серијата од три концерти во Јужна Кореја, информира „КултурОп“.
– Приемот на кој наидуваме е одличен и единствена разлика е тоа што дел од публиката, како претпазливост од коронавирусот, е со заштитни маски. Се радуваме од реакцијата на публиката на темите од македонскиот фолклор, а нивната почит е изразена и со раритетна можност во програмата делата да бидат најавени и на кирилица на македонски јазик – вели Трпчески.
Инаку, вомакедонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов, освен Трпчески, настапуваат и Александар Краповски на виолина, потоа на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, зад удиралките е Влатко Нушев, а овој пат наместо Александар Сомов од Бугарија, на виолончело е нашиот Паскал Краповски.
Големиот интерес за изведбата на проектот во Јужна Кореја го „натера“ локалниот промотор Јутјуб на својот сајт да обезбеди и директен пренос во живо од третиот концерт (вечерашниот).