Мија Коџима од Јапонија има 24 години и има многу необична професија, работи во компанијата „Ту ду“, која се занимава со чистење на домовите на починатите луѓе.
Во Јапонија каде што има се повозрасна популација почест е феноменот на „самотна смрт“, која на јапонски јазик се нарекува „кодокуши“, пренесува „Ал џезеира“.
Мију е единствена жена и најмладиот вработен во оваа компанија каде работи веќе две години.
– Главно ги чистам становите и куќите каде се случила „самотна смрт“, а воедно и организирам погреби на починатите – изјави Мију.
Домовите на починатите луѓе кои Мију ги чисти во просек биле мртви еден или два месеца, а имала случај и со дом на човек што бил починат осум месеци. Таа понекогаш ги чисти и домовите на луѓето што починале во болница, што биле убиени или извршиле самоубиство.
Мију, секое утро има состанок со своите колеги на кој дискутираат што ќе работат во тековниот ден. Потоа на зададената локација одат шестмина луѓе. Со работата завршуваат околу 15 часот, а за секое чистење секој од нив заработува помеѓу 2.500 и 4.200 евра.