Џозефин Кохран ја направила првата машина за миење садови

Алатките како што се шприцови, бришачи за шофершајбна, филтер за кафе, пелени за еднократна употреба, чамец за спасување, машина за миење садови, но и вај-фај мрежата, материјалот кевлар и невидливото стакло биле изумени од жени

Жените се навикнати да се соочуваат со тешкотии на пазарот на трудот во секојдневниот живот, најчесто поради родовата нееднаквост. Затоа е важно да знаеме кои пронајдоци ги користиме денес, а биле развиени од храбри жени, кои несомнено ги кршеле стандардите на времето во кое живееле.

Бришачи за шофершајбна
Ова неопходно средство со кое се обезбедува добра видливост во дождливите денови го патентирала Марија Андресон во 1903 година. До таа идеја дошла по возење среде обилен снег. Тогаш сфатила колку е важно шофершајбната да се одржува чиста.

Филтер за кафе
Домаќинката Мелита Бенк открила дека чистењето на филтрите за кафе, кои тогаш биле направени од ткаенина, е крајно здодевно и макотрпно. Одлучила да се обиде да најде нов начин за филтрирање на кафето. По спроведувањето неколку теста, таа зела метална чаша и продупчила неколку дупки на дното. Потоа зела парче хартија од тетратката на нејзиниот син, го филтрирала кафето, а резултатот бил зачудувачки. Мелита го регистрирала патентот во 1908 година, а не многу подоцна, таа основала и своја компанија.

Шприц
Американската медицинска сестра, Летитија Мамфорд Гер, го создала првиот медицински шприц во 1899 година. Со овој изум им овозможила на лекарите да направат сè со една рака. Несомнено, ова била важна иновација во областа на медицината, а се раширила и во другите сектори, покрај тоа што служела како основа за шприцовите што ги знаеме денес.

Пелени за еднократна употреба
Марион Донован ги дизајнирала првите пелени за еднократна употреба. До идејата дошла веднаш по Втората светска војна, кога целосно се посветила на семејството и на домаќинството. Со машина за шиење и завеса за туширање, таа успеала да го создаде својот прв прототип. Донован измислила и пластични токи за да ги замени металните безопасни за пелени. Ова и неколку други пронајдоци ѝ овозможиле место во Холот на славните пронаоѓачи.

Машина за садови
Џозефин Кохран ја направила првата машина за миење садови во 1886 година. Неколку години подоцна, таа успеала да им го привлече вниманието на претприемачите од рестораните за време на саем во Чикаго. Меѓутоа, машината станала значајна дури во 1950-тите, бидејќи во тоа време била подостапна за потрошувачите.

„Монопол“
Дизајнерката Елизабет Филипс ја измислила познатата социјална игра „Монопол“ во 1904 година. Идејата на оваа игра била да се објасни концептот на економијата и да се покаже колку е штетен капиталистичкиот систем. Но идејата на Елизабета ја украл Чарлс Даров, кој ја продал играта под свое име. Кога ја запознале вистинската креаторка Елизабет Филипс, компанијата барала начин да ја исправи неправдата.

Чамец за спасување
По успехот на пронајдокот на машината за производство на буриња, Марија Бизли одлучила да направи чамец за спасување што ќе биде побезбеден, огноотпорен и полесен за користење. Новиот дизајн го креирала во 1880 година. Многу години подоцна, нејзините чамци ќе им ги спасат животите на патниците во „Титаник“.

Невидливо стакло
Кетрин Бур е првата жена што дипломирала на Катедрата за физика на универзитетот „Кембриџ“ во 1926 година. Неколку години подоцна, таа измислила невидливо стакло (стакло со ниска рефлексија), со што ги подобрила камерите, микроскопите и проектната технологија во тоа време. Нејзината технологија се користела во филмот „Однесено од виорот“.

Кевлар
Хемичарката Стефани Кволек измислила исклучително моќен материјал наречен кевлар. Овој материјал е пет пати посилен од челикот и се користи за правење панцири, а и за многу други производи.

Вај-фај мрежа
Актерката и изумителка Хајди Ламар, заедно со нејзиниот пријател композиторот Џорџ Антејл, ја развила технологија што е позната како претходник на вај-фај мрежата. Нејзината идеја овозможи далечинско управување со торпедата, како и спречување на непријателите да ги пресретнат, со промена на фреквенцијата на радиосигналите во спектралниот опсег. Во тоа време, морнарицата на САД не сакала да го имплементира овој изум, па затоа стапи во употреба многу години подоцна. 

Летитија Мамфорд Гер, го создала првиот медицински шприц