Во нов археолошки проект во Линколншир, Англија, беа откопани 20 англосаксонски гробови стари 1600 години. Погребаните тела на жените почиваат со лични предмети кои вклучуваат накит, а телата на мажите се погребани со своето оружје. Гробното место беше откопано во текот на месец јули во 2018 година откако човек со метал-детектор случајно открил бронзени брошови и копја.
– Без исклучок погребаните дваесет тела се пропратени со низа од раскошни предмети за лична употреба, вклучувајќи накит направен од стаклени и камени монистри, брошови, платнени торби прикачени со прстени направени од слонова коска и копја и штитови – вели Хју Вилмот од Универзитетот во Шефилд, кој беше дел од проектот на ископувањето на гробовите.
Зачуваните скелети заедно со предметите нудат шанса за проучување на социјалниот и културолошки карактер на заедницата која живеела на оваа локација во петтиот и шестиот век во Англија.