Едно семејство од округот Каролајн во Мериленд пронашло вреќи со речиси милион долари во готово на автопат.
Додека се возела со семејството, Емили Сканц забележала дека од комбето пред нејзиното возило испаднала една вреќа и удрила во нејзиниот автомобил.
Таа застанала и забележала дека има уште една таква торба оддалечена 15 метри на патот, па ги зела двете торби и ги ставила во својот автомобил не знаејќи дека во нив има речиси милион долари.
Потоа се одвезла директно до канцеларијата на шерифот, каде што пријавила дека нашла торби со неидентификувана содржина на автопатот, а набргу потоа било утврдено дека во торбите има пари.
Истрагата утврдила дека торбите со пари испаднале од блиндирано возило за превоз на пари и дека тие, најверојатно, биле наменети за банката, но сè уште не се знае како паднале од возилото за транспорт на пари.
– Правилно постапивме затоа што тоа не се наши пари – рече Емили Сканц.