Научниците создадоа мал, безжичен сензор за регистрирање соларна радијација кој работи без батерии и може да помогне на многу луѓе да се заштитат од рак на кожата. Малиот апарат е со големина на нокот кој им овозможува на луѓето да ја следат ултравиолетовата радијација кога се надвор – пренесува „Индепендент“.
Големата изложеност на ултравиолетова светлина го зголемува ризикот од разни видови рак на кожата, а експертите стравуваат дека заболувањето може да достигне до големи размери. Со овој изум ќе може да се спасат многу човечки животи во иднина.
Во моментов, апаратите за следење ултравиолетови зраци недостатоци, како на пример ограничео траење на батеријата, а тоа е причина да не се користат ни од луѓето ни од компаниите.
Новото истражување, направено од „Маккормик Училиштето за инженерство“, нуди нов изум кој може да регистрира дури три различни светлосни бранови должини. На пример, можат да ја мерат изложеноста на бела светлина која може да биде корисна за луѓето кои имаат сезонско афективно пореметување(САП-зимска депресија).
Уредот има толку долг век на траење и издржливост, што може да трае засекогаш, велат истражувачите откако се обиделе да го уништат.
– Од гледна точка на корисникот, сензорот многу лесно се употребува бидејќи секогаш работи, а не треба да се полни со енергија. Тежи колку капка вода, има големина колку нокот и дебелина како кредитна картичка. Може да биде поставен на капата, да се залепи на очилата или на часовникот кој го носите – вели Џон Роџерс, кој ја предводеше истражувачката група.