Се проценува дека продажбата на музички касети се зголемила двојно минатата година во споредба со 2019 година.
Британската фонографска индустрија, која ги застапува музичките издавачи, предвиде дека во 2020 година во Велика Британија ќе бидат продадени 157. 000 музички касети.
Ова е најголем број на продадени од 2003 година кога компилацијата „Now 54“ во која беа вклучени имиња како „Oasis“, „Girls Aloud“ и „Busted“, беше најпродаваната касета.
Сега најпродавани се „Chromatica“ na Лејди Гага, по него се албумот „Calm“ на австралиската група„ 5 Seconds of Summer‘s“, на трето место е вториот албум „Weird“’ на англискиот пејач Доминик Ричард Харисон, познат како Yungblud.
Се бележи раст од 103 отсто на продажбата на музички касети во првата половина на 2020 година во споредба со истиот период во 2019 година.
Според британската фонографска индустрија важно е да се потенцира дека продажбата на музички касети претставува само мал дел од вкупната продажба на музика во последната година. Според нивните податоци надмината е бројката 4,8 милиони продадени винилни албуми, најмногу во споредба со раните 90-ти години.
Меѓу 10-те најпродавани винилни изданија во 2020 година беа класични албуми од музичари и групи како „Флитвуд Мек“, Ејми Вајнхаус и „Нирвана“.
Се подразбира дека најголемиот дел од музиката сè уште се слушала на услугите за стриминг, со што тие учествуваат со 80 отсто во вкупната продажба.
Но, продажбата на музички касети расте во последните неколку години, што шефот на британската фонографска индустрија Џеф Тејлор го објаснува со „безвременската привлечност за колекционерите на физичките формати што можат да се собираат“.