Австралискиот научник Дејвид Гудал (105), се одлучил со медицинска помош да си го одземе животот во болница во Базел, Швајцарија. При евтаназијата денеска, на која имаше и новинари, тој отпеа неколку тактови од „Ода на радоста” од Деветата симфонија на Бетовен.
Гудал, кој е роден на 4 април 1914 година, смета дека евтаназијата треба да биде подостапна.
– Не сакам веќе да живеам и среќен сум што имам можност самиот да му ставам крај на својот живот-изјави Гудал, нагласувајќи дека веројатно ќе почине со помош на смртоносна инјекција, но сепак ќе остави за методот да одлучат лекарите.
Во Швајцарија, доброволната евтаназија е легална и достапна. Борците за право на смрт го поздравија потегот на Гудал, додека противниците сметаат дека доброволното скратување на својот живот треба да биде достапно само за оние кои се неизлечиво болни.
Гудал се пензионираше на 102 години, како највозрасниот научник во работен однос. Тој не беше болен, но како што самиот велеше, бил се послаб и се помалку способен да живее како порано, најмногу поради губењето на видот. Овој познат ботаничар и еколог e татко на четири деца и дедо на 12 внуци. Беше и долгогодишен активист за правото на евтаназија, како член на здружението „Егзит интернешнл”.