Појавувањето на принцот Чарлс на сетот на познатото студио „Пајнвуд“ во близина на Лондон, каде што се снима претстојниот филм за Џејмс Бонд, резултираше со интересна средба. Принцот од Велс синоќа го посети студиото за да ја разгледа најновата серија на автомобили кои се користат во филмот, при шти имаше прилика да поразговара со ѕвездата на блокбастерот, Даниел Крејг, пренесува Си-ен-ен.
Крејг на принцот му ги покажа познатата сцена од филмовите за тајниот агент „007“ и репликите на еден од најпознатите автомобили, Астон Мартин ДБ5.
Посетата на принцот Чарлс не беше прва средба на Крејг со припадник на британското кралско семејство. Тој се сретна со кралицата Елизабета во 2012 година на Летните олимписки игри во Лондон.