Принцот Хари сподели видео-порака од неговиот нов дом во Лос Анџелес за да го означи отворањето на Меѓународните воени параолимписки игри „Инвиктус“, што требаше да се одржат неделава во Хаг, Холандија, додавајќи дека наместо тоа ќе се одржат виртуелни настани.
Во својата видео порака, тој признава дека неговиот живот драстично се променил откако тој и неговата сопруга Меган Маркл започнале да живеат независно во Америка.
– Додека овој викенд им оддаваме почит на жртвите од Втората светска војна, требаше да се собереме во Холандија за параолимписките игри „Инвиктус“. Но, откако последен пат бев во Хаг, нашите животи драстично се сменија, и многу други настани низ целиот свет се одложени. Наскоро ќе биде објавен нов датум – рече Хари, сакајќи да ги утеши и охрабри луѓето во овој тежок период.
Принцот Хари, исто така, ја искористи можноста да им се заблагодари на сите што ги поддржале него и Меган во одлуката да ги напуштат кралските должности.