Смешната страна на британското кралско семејство
Кралското семејство на Велика Британија е веројатно најпопуларното благородничко семејство во светот. Тие се појавуваат во јавноста многу повеќе од кралските семејства во други земји и затоа мислиме дека знаеме многу за нив. Иако често се сериозни и професионални, членовите на британската монархија знаат да нафрлат понекоја шега. Освен што се моќни и богати, некои од нив се и многу духовити. Чарлс и Кејт имаат добри трикови, но најдобриот во тоа дефинитивно е Вилијам. Неколку цитати сведочат за нивната добра смисла за хумор.
Сè е поради косата: Кејт и Вилијам требало да присуствуваат на забава. Кога пристигнале малку подоцна од очекуваното, ја прашале Кејт која е причината за нивното доцнење, таа одговорила: „Вилијам мораше да прави фризура“.
Вистинска лекција: На прашањето што научил додека растел, принцот Вилијам одговорил: „Научив дека не смеам да се зафркавам со баба ми“.
Разочарување: Непосредно пред едно од неговите патувања во САД, принцот Вилијам рекол: „Секогаш кога ќе сретнам деца на кои им е кажано дека доаѓа принц од вистинскиот живот, гледам разочарување на нивните лица кога ќе ме видат без круна или наметка.“
Интересен одговор: Кога односите меѓу принцот Хари и неговото семејство беа добри, на Лондонскиот маратон во 2012 година тој ветил дека следни ќе трчаат Вилијам и Кејт. Следната година, кога го прашале за неговиот брат и снаа, тој одговорил: „Тој е стар, а таа е бремена“.
Правила на бонтон: Кога принцот Филип требало да каже нешто за правилата на бонтон, тој рекол: „Кога маж на својата сопруга ѝ ја отвора вратата на автомобилот тоа е или затоа што има нов автомобил или нова жена“.
Непосредно пред раѓањето на правнуката: Неколку дена пред да се породи Кејт Мидлтон, кралицата Елизабета рекла: „Се надевам дека ќе се роди наскоро, бидејќи одам на годишен одмор“.
Љубов кон внуците: Принцот Чарлс исто така има одлична смисла за хумор. По раѓањето на неговиот прв внук, принцот Чарлс бил прашан дали е среќен што станал дедо. Тој одговорил: „Многу! И супер е што внукот можеш да им го вратиш на неговите родители кога сакаш“.
Лоша храна: Ова е веројатно најсмешно. Го прашале принцот Вилијам зошто е толку слаб, а тој одговорил: „Готвењето на Кејт е причината“.