Шеикот Мухамед бин Рашид ал-Мактум, еден од најмоќните лидери на Блискиот Исток и неговата сопруга, принцезата Хаја бинт ал-Хусеин, започнаа правна битка во Лондон за благосостојбата на нивните деца, пренесува Би-би-си.
Гламурозна принцеза минатиот месец побегна за да се спаси од нејзиниот брак со шеикот и се претпоставуваше дека се наоѓа во едно од најлуксузните предградија на Лондон. Претходно, месецов, беше објавено дека таа се крие во Лондон бидејќи стравува за нејзиниот живот.
Судот на Велика Британија е фокусиран на нивните деца, кои моментно се со принцезата.
Се претпоставува дека принцезата Хаја ќе сака да остане во Велика Британија. Меѓутоа, доколку нејзиниот сопруг бара нејзино враќање во Дубаи, ова може да предизвика дипломатска нелагодност за Велика Британија, која е во блиски односи со Обединетите Арапски Емирати.